Во последните 24 часа севернокорејските власти регистрирале 116.000 лица со симптоми на треска, објави Ројтерс, повикувајќи се на државната новинска агенција КЦТА. Не се пријавени нови смртни случаи.
На 12 мај, изолираната земја ја прогласи својата прва епидемија од почетокот на пандемијата и воведе строги рестриктивни мерки. Минатата недела Пјонгјанг рече дека има „позитивен тренд“ за намалување на ширењето на инфекции.
Според Сеул, бројот на „заболени од треска“ вклучува повеќе од само оние заразени со коронавирус. Се верува дека властите во Северна Кореја водат статистика за жителите со симптоми на треска поради ограничените можности за масовно тестирање и откривање на КОВИД-19, објави Асошиетед прес.