Во поголем дел од Македонија ќе има пријатна временска состојба, сончево време со умерена облачност и со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Попладне, само во некои делови од земјава ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
2 Берово, Лазарополе, 4 Маврово, 5 Охрид, Претор, Попова Шапка, 6 Битола, Струмица, 7 Крива Паланка, Тетово, Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип, Дебар, 8 Прилеп, Гевгелија, 9 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Крушево, 10 Виница, Дојран.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 7, Преспанско Езеро 11, Дојранско Езеро 17.6
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]