Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи со КОВИД-19 од кои 13 реинфекции, тројца починати и 148 оздравени пациенти. соопшти Министерството за здравство.
Од трите починати лица, две се од Скопје (71г и 88г) и едно починато лице од Прилеп (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се регистрирани две починати лица од Радовиш (88г) и Кичево (55г). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, а регистрирани се во период од 23.03 до 30.03.2022.