Вести Најважни Свет

Зеленски: Битката за Донбас започна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „битката за Донбас“ е во тек.

Неговата објава дојде откако други високи функционери предупредија дека Русија денеска го започна својот долгоочекуван напад врз источниот регион.

„Сега можеме да потврдиме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, која ја подготвуваа долго време. Голем дел од руската армија сега е посветен на оваа офанзива“, рече Зеленски.

„Без разлика колку руски војници ќе дојдат таму, ние ќе се бориме. Ќе се браниме. Секој ден“, додаде тој.

„Втората фаза од војната“

Началникот на кабинетот на украинскиот претседател претходно изјави дека „втората фаза од војната е започната“, мислејќи на новиот руски напад на источна Украина и ја повтори изјавата на висок украински безбедносни функционер кој рече дека Русија утрово ја започна својата нова офанзива.

„Верувајте во нашата армија, таа е многу силна“, напиша началникот на Генералштабот Андриј Јермак на Телеграм, уверувајќи ги Украинците дека украинските сили можат да се спротивстават на руската офанзива.

Украинскиот Генералштаб денеска соопшти и дека Русија извршила напад на источна Украина.

„Руските сили ги засилија офанзивните и нападните операции во неколку правци во источна Украина. Русија продолжува да формира дополнителни воени единици во окупираниот Крим и пограничниот регион Ростов“, велат тие.

Тие додаваат дека борбата за Мариупол продолжува и дека руската армија се фокусирала на стекнување целосна контрола над областа. Тие најавија и дека Русија продолжува да ги крши правилата на меѓународното хуманитарно право и да ги блокира иницијативите за евакуација на цивили од окупираните населби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе