Игор Жовква, главен дипломатски советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека „нема место“ во Украина што е безбедно сега.
„Нема ниту едно место, град или село што е безбедно во Украина сега“, изјави Жовква за Си-Ен-Ен.
„Тоа е она што Русите се обидуваат да го спроведат од почетокот на војната. Затоа што погледнете, тие не се борат само со војници. Тие не се борат само со воена инфраструктура. Тие се борат против цивили. Каква врска има автомеханичарот со воената инфраструктура? Тие го бомбардираа денеска во Лавов, при што загинаа цивили. Ниту еден војник не загина, туку цивили“, рече тој.
Тој побара дополнителна воена помош за Украина да може да ја „победи“ војната.
„Ве молиме поддржете ја Украина со повеќе оружје и ќе можеме да победиме“, рече Жовква.