Вести Свет

Русите подигнаа споменик на Ленин во окупираниот град

Статуа на поранешниот советски лидер Владимир Ленин е поставена во окупираниот Хеническ, Украина, според фотографиите објавени на социјалните мрежи. На покривот на зградата може да се види руското знаме.

Градот Хеническ се наоѓа на Азовското Море во регионот Керсон, северно од границата со Крим. Си-Ен-Ен ја лоцираше и ја потврди автентичноста на фотографиите.

Пред речиси седум години, статуата беше отстранета како дел од „декомунизацијата“. Оригиналната статуа на Ленин пред зградата на владата беше отстранета на 16 јули 2015 година. Хеническ беше еден од последните градови во регионот во кој имаше статуа на Ленин.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе