Вести Свет

Израел: Ја ракетиравме фабриката за оружје на Хамас во Газа

Израел гаѓаше цел во Појасот Газа како одговор на ракетен напад, соопштија рано утринава израелските одбранбени сили (ИДФ).

„Како одговор на лансирањето од Газа кон Израел, штотуку ја нападнавме фабриката за оружје на Хамас во Газа. Терористичката организација Хамас е одговорна за сите терористички активности кои доаѓаат од Појасот Газа“, напишаа ИДФ на Твитер.

Израел смета дека Хамас е одговорен за какво било пукање во Појасот Газа. Израел, САД и ЕУ ја класифицираат палестинската милитантна организација која управува со Појасот Газа како терористичка.

Израелскиот одбранбен систем „Железна купола“ пресретна ракета истрелана од Појасот Газа кон Израел во понеделникот, што е прв таков напад во 2022 година.

Во последните денови, Палестинците се судрија со израелските безбедносни сили на планината на храмот во Ерусалим. Судирите дополнително ги зголемија тензиите по зголеменото насилство во последните недели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе