Турски воени авиони, хеликоптери и беспилотни летала погодија курдски воени цели, кампови, тунели, засолништа и складишта за муниција во северен Ирак, изјави министерот за одбрана Хулуси Акар за државната новинска агенција Анадолија.
„Засега нашата операција продолжува успешно според планираното. Целите се идентификувани и окупирани во првата фаза“, рече тој, но не даде информации за жртви во операцијата.
Операцијата наречена „зафат со канџи“ има за цел да спречи терористички напади, да ја зајакне граничната безбедност и е поддржана од артилериски единици, додаде Акар.
Офанзивата е дел од кампањата на Турција во Ирак и Сирија против милитантите на Курдската работничка партија (ПКК) и милициите на сириските Курди кои Анкара ги смета за терористички.