Вести Свет

Силни експлозии во Лавов, итна евакуација во Луганск. Жестока битка за Мариупол

Во Лавов утрово се слушнале силни експлозии. Најмалку пет експлозии се слушнале во западниот дел на градот, пишува Би-Би-Си.

Според Би-Би-Си, се уште не е јасно што се случило, но од местото на настанот се гледа густ црн чад. Тие додаваат дека еден од нивните известувачи го видел проектилот во лет.

Околу 45 минути пред несреќата се огласиле сирените.

Зеленски го покани Макрон да дојде во Украина и да се увери во руските злосторства

Во интервју за Си-Ен-Ен, Володомир Зеленски го повика Емануел Макрон да дојде во Украина и да се увери во руските злосторства.

Макрон избегнува да ги нарече руските злосторства во Украина геноцид.

„Го поканувам да дојде кога ќе има можност. Ќе дојде и ќе види, сигурен сум дека ќе разбере“, рече Зеленски.

Украинското Министерство за одбрана објави фотографија на која се гледаат, како што тврдат, остатоците од некогаш познатата библиотека во Чернихив. Сликата покажува кратер голем пет метри. Додаваат дека библиотеката била уништена од руска бомба тешка половина тон.

 

Украина објави нов воен извештај

Украина очекува руските трупи да се обидат да го окупираат поголемиот дел од областа околу Керсон во наредните денови.

Во последниот извештај на украинската армија се наведува и дека во текот на вчерашниот ден украинските сили одбиле 12 руски напади и уништиле 10 тенкови. Во саботата, според Украинците, уништиле еден авион и три хеликоптери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе