Вести Свет

Русија бомбардира градови во Украина – подготвувајќи се за нападот во Донбас

Руската армија ги интензивира нападите со проектили врз градовите ширум Украина, уништувајќи голем број воени но и цивилни цели во градовите во источна Украина, во Харков, но и на запад, во Лавов.

Повеќе десетици цивили се убиени во жестокото бомбардирање, кое според воените аналитичари е дел од подготовката на Руската војска за престојната голема офанзива во Донбас. Целта е да се прекинат каналите преку кои Украинците се снабдуваат со оружје, муниција, лекови, храна, како и нови засилувања на трупите на фронтот.

„Како дел од прелиминарните операции за тој копнен маневар, гледаме артилериски напади секаде во Украина, дури и до западниот град Лавов. Ова се прави заради две причини: прво, за да продолжат да ја поткопуваат волјата на Украинскиот народ. Мислам тоа ќе биде неуспешно бидејќи нивниот дух е фантастичен. Второ, верувам дека Русите напаѓаат магацини со воена опрема, фабрики, обидувајќи се да ја еродираат и намалат можноста на Украинските сили да се спротистават на воздушните напади кои ќе дојдат на Исток од земјата“. – вели Ричард Данат, поранешниот шеф на британската армија.

 

Бомбардирани биле и цели во вториот Украински град по големина, Харков, каде погододени биле и стабени блокови. Убиени биле 5 луѓе а ранети 13, потврдија градските власти. Градоначалникот на Харков, Игор Тереков, апелираше до сите граѓани кои може да најдат засолниште, да го направат тоа, но уште поважно, доколку можат и да го евакуираат градот.

„Драги жители на Харков, денеска е 53-тиот ден на војната, војната во која ги браниме нашите животи и честа борејќи се против безмилосната армија на агресорот. Денеска исто така е и голем православен празник, Цветници. Но изгледа дека оние кои ја носат буквата Z не носат крст на себе“ – порача Тереков.

 

Како дел од подготовките за инвазијата на Донбас, русите се повлекуваат и од градовите и регионит северно од Киев. Зад себе оставија повеќе уништени тенкови и оклопни транспортери, сведоци на жестоките борби со Украинските бранители, но и страотно уништување на цивилната инфраструктура. Куќи, згради, срамнети со земја, уништени училишта и градинки оставија зад себе Русите и во градот Чернихив.

Еден од жители на Чернихив, ветеран од Советската инвазија на Украина, најдобро го илустрираше лудилото на војната меѓу луѓето кои споделуваат толку многу заедничка историја, раскажувајќи ја својата интеракција со еден од руските војници кои влегле во неговиот дом.

„Тој ми рече: „Знам дека си резервист“. Разгледаа и видоа дека уште ја имам парадната униформа со медали на неа. Земаа една од нив, му кажав на војникот: „Однеси ја, покажи ја во татковината како си се борел за Украина“ – изјави Илнитцки.

Откако преостанатите Украински бранители во Мариупол, вчера го отфрлија рускиот ултиматум да се предадат иако се целосно обиколени и речиси без муниција, прашање на денот е кога ќе биде освоен градот кој досега претрпе најголемо уништување во војната.

Русија најави дека денеска ќе го ограничи и пристапот до Мариупол, во обид да ги присили Украинците да се предадат.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе