Вести Ковид19

Регистрирани 126 нови случаи на Ковид-19, 15 проценти од нив се реинфекции

Во изминатите 24 часа регистрирани се 126 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид-19, со што бројот на активни случаи изнесува 1.004, додека оздравени се 152 пациенти и нема пријавени починати лица, информираат од Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.152 тестови, а регистрирани се 126 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје – 55, Битола – 23, Велес – 9, Кавадарци – 6, Прилеп – 5, Гостивар – 4, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 3, Куманово, Тетово, Штип, Кочани и Ресен – по 2, Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (126), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 152 оздравени пациенти, и тоа од Скопје – 86, Битола – 24, Прилеп – 9, Велес, Кавадарци и Кичево – по 5, Куманово – 4, Кочани и Демир Капија – по 3, Струмица и Ресен – по 2, Гостивар, Гевгелија, Штип и Крива Паланка – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Направени се 2.152 тестови преку: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-44, Авицена-51, Биотек-56, Систина-23, лабораторија Лаор-67, Синлаб-15, Ремедика-6, Плодност-16, Генеа-14, Никоб Лаб-182, ВФВ Медикал-33, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.160.

Досега во земјата се направени вкупно 1.994.836 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.516, бројот на оздравени пациенти е 298.251, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.004.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот му даде куќен притвор на мотоциклистот кој до смрт прегази пешак на скопскиот Кеј зад владата и избега

Дејан Дејан

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе