Вести Ковид19

Петличковски: Луѓето го занемаруваат фактот дека вакцината нѐ штити од тешка болест и смрт

Степенот на вакцинација во Македонија остана низок, иако во последно време епидемијата изгуби на сила.

Официјалните податоци на Министерството за здравство покажуваат вкупно 1.843.955 администрирани дози на вакцини, што отприлика значи дека до сега се вакцинирале 88,5  од 100 луѓе.

Бројките за бустер дозите се уште помали 154.735 или 7,5 на 100 лица. Експертите велат дека и покрај загриженоста на јавноста, вакцините се безбедни.

Здравјето на човекот нема цена. Кога ќе се случуваше смрт во однос на Ковид-19, што чинеше таа смрт во споредба со се што можевме да спречиме за да не дојде до тој лош краен исход? Пак ќе се сведеме на заштита на организмот и аргументите кои одат во правец на тоа дека заштитата која што треба да ја направиме со поткрепување на имунитетот со уште едно второ вакцинирање и уште едно трето, а можеби тоа ќе стане и како овој сезонскиот грип – еднаш годишно, ќе чини ништо во споредба со можните компликации кои може да ги доведе невакцинирањето, рече директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова.

Претседателот на Комисијата за заразни болести смета дека вакцинирањето на нашите граѓани во странство, особено во Србија, не биле евидентирани во нашиот систем, но признава дека тоа само малку би го подобрило процентот.

Луѓето го занемаруваат фактот дека третата доза, како и првите две нѐ штити од тешка болест, нѐ штити од влегување во болница и многу добро нѐ штити од смрт, рече Петличковски.

Вели дека од почетокот на пандемијата до сега многу работи се променети.

На почетокот во првата година на пандемијата реинфекцијата беше исклучително ретка, практично теоретска можност. Како почнаа да се појавуваат нови варијанти, стана јасно дека нова варијанта може да инфицира човек кој претходно прележал ковид. Важното овде е што веќе не треба да ги броиме ново инфицираните случаи, туку оние кои што развиваат сериозни симптоми и неопходна им е хоспитализација. Процентот на хоспитализација и процентот на исполнетост на капацитетите, тие два параметри тежат многу повеќе во проценката дали е земјата во портокалова, зелена или црвена зона, вели Петличковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе