Вести Свет

Песков: Путин не одбива средба со Зеленски, го чека текстот на договорот

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил да се сретне со својот украински колега Володимир Зеленски, но пред тоа е неопходно да се подготви нацрт-договор меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков забележа дека се уште нема никакви новости за тоа прашање, пренесе Тасс.

-Веќе кажавме дека рускиот претседател во принцип никогаш не одбил таква средба, но пред да се одржи, мора да се исполнат одредени услови, односно да се дополни текстот на документот, рече Песков.

Претходно денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека средбата меѓу Путин и Зеленски не  е далечна, туку дека во моментов се чека  на согласноста и ставот на рускиот лидер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе