Новата работна недела ни носи стабилизирање и разведрување. Утре ќе преовладува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови. Дневната температура ќе биде во пораст, но ќе биде сè уште релативно свежо и ќе се движи во интервал од 10 до 17°C.
Агропрогноза:
Умерените температури и врнежите од дожд, во изминатата седмица придонесоа за кратко време да се разбуди вегетацијата особено кај овошките од коскестите видови, потоа дел од шумските видови и тревната вегетација.
За време на овој викенд особено во сабота, се очекуваат температури и над 25°C, кои со промената на времето во недела се очекува да опаднат за 6 до 8°C и да не го надминат дваесеттиот степен.
Разведрувањето од понеделник и стабилното и суво време во текот на целата седмица, со пад на утринските температури, кои во понеделник во Берово можно е да бидат и негативни, нема да причинат штети од измрзнување и ваквите температури се во границите на издржливост.
Позитивните утрински температури, и температурите во текот на денот од околу 18 до 20°C ќе овозможат работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, околу меѓуредовата обработката, заштитата на истите од болести и штетници, особено во овој период потребна е заштитата од плевели, потоа работи во тутунопризводството за нега на леите за производство на расад, вообичаени работи во градинарството во овој период од годината, како и работи за припрема на површините за пролетна сеидба.
Информација од утрово:
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
5 Маврови Анови, 2 Охрид, 1 Скопје-Петровец, Штип, Куманово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/