Седум нови жртви во црните ковид статистики, шест од нив биле со коморбидитети. Четворица починале изминатото деноножие, а тројца во периодот од 16ти до 19ти март.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 142 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.046 тестови, како и 105 оздравени пациенти.
Од новозаразените 28 се реинфекции. Бројката новозаразени опаѓа, а од неодамана паднаа и маските.
Комисијата за заразни болети препорача да се укинат маските и во затворен простор, освен во болниците, јавниот превоз, домовите за стари лица.