Вести Ковид19 Македонија Најважни

Маските во затворено, по две години, ќе се симнат

Пандемијата не е завршана, но граѓаните можат да ги симнат маските, препорача Комисијата за заразни болести. По точно две години задолжителното носење маски во затворен простор, стигна препораката оваа мерка да се укине.

Здравствените експерти сметаат дека епидемиолошката состојба дозовлува олабавување на досега најдолгата рестрективан мерка воведена поради пандемијата со коронавирусот.

„Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти останува задолжителното носење на маски. Во сите останати затворени простори маските може да е носат само по желба на индивидуите“, рече д-р. Александар Петличковски.

Сепак и покрај ваквата одлука експертите им препорачуваат на повозрасните граѓани и на лицата со имунокпромитирачки болести да продолжат да носат маска во затворен простор.

По две години се препорачува и укинување на епидемиолошкото следење  и изолација на контактите на лицата кои се отврдени со ковид-19.

„Се укинува епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите“, изјави Петличковски.

Попрецизно, се препорачува во изолација да одат само потврдените случаи на коронавирус, без следење на нивните контакти.

Претстојните празнични денови, кога вообичаено има зголем влез и излез од државава пак можат да бидат ризик за зголемување на бројот на новозаболени, поради што засега останува мерката за приложување на сертификат за вакцинациија или прележан коронавирус, за влез во државава. За здравствените експерти укинувањето на оваа мерка е крупен чекор кој би можел брзо да ја дестабилизира епидемиолошката состојба, но која сериозно се разгледува како опција за во блиска иднина. Заедно со неа ќе почека и мерката за генерално укинување на сертификатите, што ќе зависи исто така од епидемиолошката состојба во земјата.

Овие препораки доаѓаат во период кога се уште не се усвоени и не стапиле на сила и претходните препораки за олабавување на мерките како укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и организирање на ученичките екскурзии, додека најголемиот број од факултетите се уште се на он-лајн настава.

За Комисијата за заразни болести пак новата варијанта на омикрон сојот на коронавирусот, која е регистрирана дека се шири во соседните држави, не е причина за загриженост. Според неа неговите сиптоми и пренос не е ништо поразличен од основната верзија на омикронот, но истовреено не ја потиснува основната варијанта на омикронот, односно не може да стане доминантен.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе