Вести Култура Топ вести

„Мy name is Goran Stefanovski“, претстава во стилот на современиот светски театар

Потрагата на човекот по својот идентитет и прибежиште, во време на конзумеризам и кога различни интереси се поважни од слободата и сигурноста, е главната тема во претставата „ My name is Goran Stefanovski“. Претставата е омаж на творештвото на нашиот голем драматичар , а работена е според компилација од неговите текстови : „ Црна дупка“, „ Long play“, „ Сараево“, „ Казабалкан“, „ Хотел Европа“, „ Euroalian“ и „ Одисеј“, кои до сега не се поставени во Драмски. Адаптацијата на текстовите ја направи Бранислава Илиќ од Белград, а режијата е на Бранислав Миќуновиќ од Подгорица.

Таа моја идеја и таа моја потреба да се занимавам со Горан и да му ја посветам нему оваа претстава е сосема интимна и сосема лична и многу сум задоволен што успеавме да ја реализираме, изјави режисерот Бранислав Миќуновиќ.

Во стилот на современиот светски театар кој раскажува приказни, дејствието од 7-те парчиња, дванаесеттемина актерите го пласираат повеќе низ говор, отколу низ преживување, пренесувајќи ги вечните пораки на Стефановски. Учесниците се спој на младоста и искуството на Драмски театар.

За актерот да дојде до израз и можности да се искаже, потребен е пред се добар текст, добар режисер, актерите ги имаме и организација. рече Актерот Мето Јовановски.

Сведената сценографија, дополнета со реквизити, е на Александар Дениќ од Белград, кој е познато име на германската театарска сцена.

Јас се трудев овдека само да ги поедноставам нештата, а сепак , зашто имаме седум сегменти , тие да добијат едно единство, а повторно секој да биде различен, изјави сценографот Александар Дениќ.

За современите костими се погрижи Роза Трајческа Ристовска. Оригинална музика напиша Влатко Стефановски, а останатиот музички избор е на Давор Јордановски. „Мy name is Goran Stefanovski“, е претства за идентитетот, со силна пацифистичка порака.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе