Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба им порача на украинските преговарачи да не јадат и пијат кога преговараат со Русија, бидејќи Абрамович наводно е отруен.
„Ги советувам сите што одат на преговори со Руската Федерација да не јадат и пијат ништо. И, ако е можно, избегнувајте допирање на која било површина. Тоа е од прва рака. Второ, сите тие приказни – некој слушнал нешто некаде, некои извори – сега ги има многу, бидејќи сите се жедни за вести, за сензација“, изјави Кулеба, пренесува Скај њуз.
Денеска во Истанбул ќе се водат преговори, први лице в лице по две недели.
Вчера беше објавено дека Абрамович развил симптоми на труење по патувањето во Киев.
Украинската делегација синоќа пристигна во Истанбул, Турција на мировни преговори со нивните руски колеги.
Делегацијата е предводена од украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников и Михаил Подољак, шеф на кабинетот на претседателот.
Тие велат дека нивен главен приоритет е да се обезбеди прекин на огнот, иако постои скептицизам дали тоа е веројатно.
Средбата треба да започне во вторник во 10:00 часот по локално време.
Меѓу другото, Русија сака Украина да се откаже од каква било намера да се приклучи на НАТО – прашање за кое украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е подготвен на компромис.