Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер со -3 се враќа од Нашице

Еурофарм Пелистер загуби со 29-26 на гостувањето кај Нексе во рамки на првиот осминафинален натпревар во Европската лига на ЕХФ.

Битолчани само еднаш водеа во првото полувреме со 7-8 и во најголем дел од натпреварот го бркаа противникот. Нексе го заврши првиот дел со 4-1 и на паузата заминаа со 12-10. Во вториот дел тимот од Нашице имаше и највисоки +4, а Пелистер дојде до 27-26. Сепак во финишот избраниците на Жељко Бабиќ не реализираа пенал, па Хрватите завршија со 2-0 и конечен триумф од 29-26.

Граџан со шест гола и Табоада со пет беа најефикасни во таборот на битолчани додека голманот Секељ имаше 15 одбрани. Реваншот е во Битола за седум дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе