Вести Свет

Украина: Руски хакери го нападнаа државниот телеком

Украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации извести дека руските сили извршиле сајбер напад врз државниот телеком Укртелеком.

Претседателот на Државната служба за специјални комуникации Јуриј Шчихол објави дека сајбер нападот е неутрализиран и дека се водат напори за обновување на услугата.

 

Виктор Жора, заменик-шеф на Државната служба за специјални комуникации и заштита на информации, потврди за Форбс дека владата го истражува нападот. Во меѓувреме, Украина телеком одговори на коментарите на корисниците на Фејсбук информирајќи дека услугите се суспендирани поради „силен сајбер напад од страна на непријателот“.

Форбс испрати порака до украинскиот државен телеком и тие добија автоматски одговор кој гласеше: „Во моментов има потешкотии во користењето на интернет услугата Украина телеком. Нашите експерти прават се што е можно за да го решат овој проблем што е можно поскоро“.

„Поради абнормални оптоварувања и проблеми со внатрешните системи, операторите на контакт центарот и Фејсбук не можат да ги обработат барањата на корисниците“, се вели во пораката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе