Официјална Москва преку изјава на портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков уште еднаш ги повтори заканите дека Русија би можела да ја стопира испораката на гас, доколку земјите членки на ЕУ и другите кои се на листата на “непријателски“ земји не прифатат да го плаќаат испорачаниот гас во рубљи.
“Руските власти и Гаспром сега разговараат за деталите за префрлање на плаќањето на гасот доставен до непријателските земји во рубљи, не се зборува за бесплатни пратки. Фактот дека нема да доставуваме гас бесплатно е недвосмислен. Ова може да се каже со апсолутна сигурност“ – порачува Песков , во изјава која ја пренесува Риа Новости.
Сепак тој додава дека деталите се комплицирани и допрва се разработуваат. Рускиот претседател Путин, на 23 март издаде наредба со која ја задолжи Централната руска банка и Гаспром да ги преземат сите мерки, испораката на гас кон , како што Москва ги нарекува „непријателските земји“ да се наплаќа во рубљи.
Оваа одлука треба да се спроведе до 31 Март. ЕУ жестоко се спротивстави на ваквите услови, но не отстапува ниту Москва.