Вести Свет

Украина соопшти дека соборила руски проектил што требало да падне врз Киев

Украинските власти соопштија дека доцна синоќа собориле руска ракета која требало да падне врз Киев. Наместо ракета на градот, остатоците од ракетата паднале врз куќа во една од киевските населби, по што избувнал пожар.

Украинската служба за итни случаи соопшти дека куќа во Киев се запалила откако врз неа паднале фрагменти од проектил, погодени од воздушната одбрана на Украина.

Оттаму додаваат дека пријавата за пожарот ја добиле во 23 часот и 12 минути. До 00:27 часот пожарот бил локализиран, а до 01:24 часот изгаснат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе