Вкупно 145 деца се убиени, а 216 повредени од почетокот на руската воена интервенција во Украина, соопшти комесарката на украинската Врховна рада одговорна за човекови права, Људмила Денисова.
Вистинскиот број загинати и повредени деца не може да се утврди, поради тоа што во повеќе области на Украина се водат интензивни вооружени престрелки.
Директорката на една детска градинка близу Киев, вели дека децата не се виновни за ништо, а страдаат бидејќи возрасните не можат да постигнат договор..
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.