Вести Најважни Свет

Зеленски: Западот нема доволно храброст, премногу игра пинг-понг со Украина

Додека неговата земја продолжува да ја спречува руската инвазија, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Западот дека нема храброст.

Во новото видео обраќање, Зеленски повика на борбени авиони и тенкови да ги зајакнат напорите на неговите војници на теренот и го повика Западот да „игра премногу пинг-понг“ со Украина, мислејќи на „како и кој треба да ги предаде авионите и други одбранбени оружја.”

„Денеска разговарав со бранителите на Мариупол. Јас сум во постојан контакт со нив. Нивната решителност, херојство и истрајност се зачудувачки. Кога би имале храброст оние кои 31 ден размислуваат да предадат десетици авиони и тенкови“, рече Зеленски.

32-дневната руска инвазија на Украина заглави во многу области соочени со украинскиот отпор поддржан со оружје од Соединетите Држави и другите западни сојузници. Но, западната воена помош досега не вклучуваше борбени авиони.

Постоеше план за префрлање на полски авиони во Украина преку САД, но тој беше одбиен поради загриженоста на НАТО за вклучување во конфликтот со Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе