Малку по 19 часот по локално време, синоќа, експресниот воз „Алегро“ од Санкт Петербург пристигна во главниот град на Финска, Хелсинки, со што беше означено затворањето на последната железничка врска меѓу Русија и ЕУ.
Финскиот железнички оператор „VR“ во петокот соопшти дека го запира експресниот воз „Алегро“, за кој билетите редовно беа распродадени по руската инвазија на Украина, бидејќи Русите брзаа да ја напуштат земјата пред западните санкции да го направат тоа речиси невозможно.
И покрај недостатокот на официјална статистика, токму по инвазијата од 24 февруари илјадници Руси усепаја да ја напуштат земјата.
Бидејќи со затворањето на воздушниот простор беа забранети директните летови кон Европа, оние кои сакаа да ја напуштат Русија се свртеа кон летови преку Турција и Белград или кон патниот и железничкиот сообраќај.