Вести Свет

Труењето на Абрамович: Обид за атентат или предупредување до преговарачите?!

Рускиот милијардер и поранешен сопственик на англискиот фудбалски клуб Челзи, Роман Абрамович заедно со двајца украински преговарачи бил затруен со нервен агенс за време на средба на 3 март во Киев, потврди неговиот портпарол. Сите тројца почувствувале исти симптоми, осип на кожата, вцрвенети очи и солзење, и болки во главата.

За сега не е познато каков нервен гас бил употребен, ниту кој ги затрул. Единствено што се знае е дека тројцата добиле несмртоносна доза, што наведува на заклучокот дека некој сакал да испрати предупредување до луѓето кои учествуваат во мировниот процес.

Во моментите кога беше потврдена информацијата за труењето, во Истанбул пристигна руската делегација, која утре и задутре ќе одржи нова рунда преговори со Украинците. Во преговорите ќе се приклучи и хуманитарниот координатор на ООН Мартин Грифитс, соопшти генералниот секретар Антонио Гутереш.

Да бидеме на јасно. Решението на оваа хуманитарна трагедија не е хуманитарно, туку политичко. Затоа повикувам на неодложен хуманитарен прекин на огнот за да се овозможи напредок преку сериозни политички преговори, чија цел е постигнување мировен договор базиран врз принципите на повелбата на ООН, порача Гутереш.

Во меѓувреме борбите во Украина продолжуваат со несмалена жестина. Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, во интервју за СиЕнЕн, изјави дека речиси целиот неговиот град е во рацете на непријателот. Бојченко рече дека во градот има околу 160.000 цивили и побара нивна итна евакуација.

Беше ужасно! Сте гледале ли хорор филмови? Кога се гранатираше, требаше да видите како се гореше. Гасот, цефките, крововите, луѓето врескаа, а ние се криевме во визбата, изјави жителка на градот.

Изминатата недела очигледни беа зголемени напори на руската армија да го преземе Мариупол, а експертите во последните движења на руските дивизии препознаваат промена на стратегијата на Москва во Украина.

Она што ќе го видиме во следните неколку недели најверојатно ќе биде концентрација на силите кон Донбас, за да се изврши еден вид на опколување, или обид да се поврзаат повеќе мали пробивања од северозапад, во основа јужно од Харков, надолу кон новоформираниот копнен мост помеѓу окупираниот Крим и окупираниот Донбас. Падот на Мариупол, пропаста на Мариупол, ќе биде црешата на врвот на еден вид ефтина победа за Кремљ да може да објави дека го „ослободиле“ градот од фашистичките угнетувачи, вели Матје Булег, воен аналитичар на Чатам хаус.

Повеќе од 10 милиони лица гинапуштија своите домови од почетокот на руската инвазија на Украина. 3,9 милиони ја напуштија земјата и речиси сите од нив биле прифатени во земји од ЕУ, додека внатрешно рселени се околу 6,5 милиони лица.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе