Вести Култура Топ вести

Мазова: Театарот како и животот во Македонија минува низ многу осцилации

Несреќата на македонскиот театар е што е како животот, со многу осцилации, предвидливи и непредвидливи состојби со кои мора да се бори за да преживее, вели нашата театарска критичарка Лилјана Мазова, по повод 27 Март- Светскиот ден на театарот. Според неа, клучен проблем е што репертоарите се градат врз желбите на режисерите.

Репертоарот , она што мене најмногу ми пречи, не го создаваат самите театри. Тој главно лежи , или се формира врз желбите на режисерите. Тоа е добро кога се работи за афирмирани , етаблирани режисери кои сакаат и знаат што прават. Многу потешко е кога се тоа помлади, неискусни режисери, кои тргнуваат од својата желба , наспроти потребата на театарот, вели Лилјана Мазова – театарска критичарка

Пречи и кога се прави репертоар само за да влече публика, во кој доминира комедијата а не се прават добри претстави што се очекува, дополнува Мазова. Во домашната порака по повод Светскиот ден на театарот , театрологот Ана Стојаноска вели дека живееме изместено време во кое театарот како пиреј се обидува да се снајде.

Театарот е гласот на отпорот во миговите кога сите други гласови се замолчени. Затоа е многу важно да го чуваме, вели Ана Стојаноска –театаролог и професорка на ФДУ

За да овозможиме театарот да преживее, е потребна храброст, вели Стојаноска.

Драмските автори и писатели да пишуваат поотворено, похрабро и помоќно. Режисерите да не си седат во комфорните зони. Актерите да се предизвикаат себе си, да направат уште поголеми изведби. Најважно од сè, публиката, критиката, театролозите, професорите, да се искрени пред себе и пред театарските уметници. Да се говори јавно, отворено, да се критикува, но не и да се критизира, да се инспирира , да се отвораат можностите. Да не се дозволува еден или двајца луѓе да креираат програма на една театарска заедница, вели Стојаноска.

А, во меѓународната порака, американскиот режисер Питер Селарс повикува на заедништво и повторно собирање, по затворањето на театрите низ светот поради Ковид кризата. Светскиот ден на театарот е инициран 1961 година од Интернационалниот театарски институт при УНЕСКО. Прв пат бил прославен 1962 во Париз.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе