Со музика од светските класици, виолончелист, басист и тројца виолинисти се обидоа да го смират духот на вознемирените граѓани на Харков, кои веќе цел месец живеат во подземната железница на градот бегајќи од војната. На кратко не ги слушаа бомбите над нивните глави. Најмногу ги погоди украинската национална химна, и преработките на украинските народни песни.
Ова е период кога во Харков се одржува меѓународниот класичен фестивал Харков мјузик фест, еден од најпрестижните годишни фестивали во Украина, а кој беше откажан со почетокот на војната, но неговиот директор сметаше дека музиката ќе им помогне на жителите да ги надминат тешкотиите од овие мрачни времиња.
Некои од жителите дојдоа на концертот и покрај заканите за гранатирање, а други по настапот ќе останат во метрото, плашејќи се за својата безбедност надвор од прифатилиштето.