Во изминатото деноноќие регистрирани се 281 нов случај на КОВИД-19, од направени 2.275 тестови. Половината од нив се во Скопје – 169, Битола – 24, Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 8, Кичево – 6, Струмица и Гевгелија – по 5, Тетово – 4, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по 3, Неготино, Виница и Богданци – по 2, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Повторно се разболеле 48 луѓе.
Битката со ковид ја загубија тројца луѓе, од Битола, Охрид, и Крива Паланка. Починале во болнички услови и имале коморбидитети.