Вести Македонија Топ вести

Граѓани одгледуваат печурки во скривници – подземните објекти за евакуација заборавени од државата

Опремено со душеци, ќебиња и кревети, со системи за вентилација и ротори за производство на електрична енергија, како и алати за самоспасување, вака изгледа едно од неколкуте функционални скривници во Скопје.

Во моментов се користи како магацински простор на Дирекцијата за заштита и спасување, но оттаму велат дека доколку се јави потреба, истото ќе биде пренаменето во скривница.

Магационерот Али Бајрам кој долги години се грижи за скривниците на територијата на Град Скопје, вели дека дел од засолништата биле реконструирани пред неколку години и се опремени со сите средства да примат граѓани во случај доколку се појави потреба од тоа.

Повеќето од скривниците се запоставени, полни со смет и узурпирани, а некои од нив се користат како магацински простор или подрумски простории.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека за потребите на директијцата дел од засолништата се реновирани и тоа во три во Општина Аеродром, две во Општина Гази Баба и три во Велес.

Прашањето во каква состојба се наоѓаат скривниците во Македонија стана актуелно со воената инвазија во Украина, а директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов упати смирувачки пораки до граѓаните да бидат спокојни, бидејќи како што рече НАТО ја штити безбедноста на земјава.

И додека дел од граѓаните се загрижени каде би се сокриле во случај на вонредна ситуација, некои од нив ваквата загржиеност ја користат да остварат профит продавајќи скривници на интернет по 3 евра од квадрат.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не беше во право за Ирак, не е во право и за Иран – Сандерс цитира изјава на Нетанјаху од 2002 година

Дејан Дејан

Нетањаху: Падот на иранското раководство не е цел, но може да биде резултат

Дејан Дејан

„Фордо“ во Иран е 90 метри под планина, масивните бомби на САД продираат до 60 метри во подземни мети – стручњаци сметаат дека напад на локацијата во Иран би можел да биде фијаско

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе