Утре ќе се задржи сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура на повеќе места ќе се спушти околу -10°C, а дневната од 1 до 9°C.
Агропрогноза:
Разладувањето на атмосферата, со врнежи од дожд и снег, со пониски дневни температури, во изминатата седмица, го успорија или го одржуваа на исто ниво пролетното будење на овошките, што е добро во овој период од годината, без разлика што ваквите температури беа подпросечни, бидејќи време за негативни температури сѐ уште има, зимата сѐ уште трае.
Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на викендот и наредната седмица, особено во првите неколку дена, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети доколку во регионите каде е веќе расветан бадемот, сливата и раните сорти кајсии истите да паднат под -5°C, температура која е пониска од издржливоста на овошките во оваа фаза.
Во повисоките региони каде не е отпочната вегетацијата добро е што ќе ги одржи подолго време во мирување овошките и виновата лоза, фаза која колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да имаме поуспешна реколта.
Информација од утрово:
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
65 Попова Шапка, 63 Крушево, 51 Маврови Анови, 32 Ѓуриште, 25 Пожаране.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
1 Тетово, Крушево, Пожаране.
Минимална температура (во °C)
-16 Попова Шапка, Маврови Анови, -12 Берово, Kрушево, -10 Крива Паланка, -9 Охрид, Претор, Прилеп, -8 Битола, -7 Тетово, Штип, Виница, -6 Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, -5 Куманово, -3 Скопје-Зајчев Рид, Дојран, -2 Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/