Вести Најважни Свет

Путин: Воведувањето зона на забранети летови над Украина би имало „колосални и катастрофални последици“ за целиот свет

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови над Украина, за Москва ќе биде земја што одлучила да влезе во конфликтот.

– Секое движење во оваа насока од нас ќе се смета за учество во вооружен конфликт на таа земја, рече рускиот лидер за време на состанокот со вработените во Аерофлот, јави АФП, пренесува НДТВ.

Тој додаде дека воведувањето зона на забранети летови ќе има „колосални и катастрофални последици не само за Европа, туку и за целиот свет“.

Путин, исто така, ги отфрли гласините дека Русија планира да прогласи воена состојба по воениот упад на неговата земја во Украина.

„Воена состојба треба да се воведе само во случаи кога има надворешна агресија… тоа во моментов не го доживуваме и се надевам дека нема да го доживееме“, рече Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе