Вести Најважни Свет

Запрен хуманитарниот коридор- почнува вистинска хуманитарна катастрофа во Украина

Трогателни и застрашувачки се сликите во украинските градови, вака од Меѓународниот црвен крст ја опишаа состојбата во Мариупол и Волбоваха, каде денеска требаше да започен евакуацијата на населението. Продолжува дијалогот за обезбедување хуманитарен коридор, додека континуираните руски напади не запираат. Надежта за евакуација на повеќе од 10.000 луѓе пропадна.

  • Сакам да го потврдам фактот дека Русија ги прекрши договорите постигнати со посредство на Црвениот крст, не го исполни договорот и ја гранатира Волноваха. Така, во правец од Мариупол кон Запорожје се водат борби во населбата Полохе-Орлхове што го оневозможува движењето на конвојот од Мариупол до Запорожје- Ирина Верешчук, вицепремиер на Украина.

Мариупол е клучен град на рутата меѓу Крим и Русија, во овој пристаништен град на Азовското Море живеат повеќе од 400.000 жители – со денови е под опсада на руските сили. Ако Русија го преземе Мариупол, би можела да ја преземе контролата врз рутата што ги поврзува регионите во Луганск и Доњецк, кои се под контрола на сепаратистите поддржани од Русија, и Крим – кој Русија го анектираше во 2014 година.

Шефот на руската дипломатија ги обвини властите во Мапиупол за неуспехот на хуманитарниот коридор, а како што рече, властите во Керсон ја одбиле нивната хуманитарна помош.

  • Ние сме информирани од Народна Република Доњецк дека властите во Мариупол одбиваат да им дадат можност на жителите да заминат преку хуманитарниот коридор што го постави руската војска- Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Во меѓувреме голема е веројатноста Русија да опколила четири клучни градови – Харков, Чернихив, Суми и Мариупол, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија. Украинската страна која објави како соборуваат еден руски хеликоптер, соопшти дека 66.000 мажи се вратиле дома од странство за да се борат за својата татаковина.

Долга низа луѓе бегаат од градот Ирпин, во близина на Киев, поминувајќи преку уништениот мост, кој беше дигнат во воздух од вооружените сили на Украина за да ги спречат руските трупи да напредуваат на украинската територија. Киевскиот надбискуп рече дека во опколените градови почнува вистинска хуманитарна катастрофа.

  • Но, најмногу од сè, нашето срце е облеано во крв за градовите кои се опколени од непријателот и каде почнува вистинска хуманитарна катастрофа. Нашите мисли се со Мариупол, Волноваха, Керсон. Непријателот ги блокира и ги држи под опсадува големите градови и не им дава можност на жителите да го напуштат градот. Нема можност да се достави храна, а горе летаат непријателски бомби кои сеат смрт- Свјатослав Шевчук, киевски надбискуп.

Кремљ, пак го брани новиот закон со кој се предвидува 15 години затвор за објавување „лажни вести“ за Русија, велејќи дека земјата се соочува со „информативна војна“, како одговор на тоа БиБиСи, Си-Би-Ес Њуз и Еј-Би-Си Њуз привремено ја прекинаа својата работа во земјата.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе