Рускиот парламент усвои закон со кој ширењето „лажни информации за руските вооружени сили“ е кривично дело.
Законот, усвоен од Думата во трето и последно читање, воведува парични казни и затвор за оние кои, како што е наведено во законот, намерно ширеле лажни информации за вооружените сили бидејќи тие информации имаат сериозно влијание, соопшти Долниот дом.
Оние што ќе се утврди дека го прекршиле новиот закон со ширење на таканаречените лажни информации за акциите на руските вооружени сили во Украина се соочуваат со затворска казна до три години.
Доколку таквите информации се користат како дел од организирана група или се користат „лажни докази“, се применува максимална казна од 10 години затвор. Доколку оваа информација доведе до „посериозни последици“, на сторителите им се заканува затворска казна до 15 години.