Вести Свет

Русите рекетираа град на 15 километри од Полска. На луѓето во источна Полска им се тресеа прозорците

Луѓето кои живеат во близина на најисточната точка на Полска утринава ги разбуди ракетен напад извршен во близина на украинскиот град Володимир, кој е на помалку од 15 километри од границата. Ова е најблискиот напад до полската граница досега.

Околу 6 часот и 30 минути се слушнале три експлозии „кои ги затресоа прозорците“, изјави за порталот Notes from Poland маж кој живее на неколку километри од границата. Наводно, експлозии се слушнале и во градот Хрубиесов.

 

Ракетниот напад врз Володимир подоцна беше потврден од украинските власти во регионот. Трите ракети, најверојатно истрелани од Белорусија, биле насочени кон воени складишта.

„Не знам дали ќе заспијам вечерва“

Луѓето кои ја преминале границата по нападот известуваат дека додека чекале во ред за премин, виделе колона чад како се издигнува по нападот.

„Експлозиите ме разбудија, сè уште се плашам“, изјави за порталот „Виртуелна Полска“ сопственик на локален агротуристички стан.

„Не знам дали ќе заспијам вечерва“, додаде тој.

„Ова е шок, не очекувавме дека ќе се случи толку блиску до нас“, рече градоначалникот на селото Корзове, кое е недалеку од границата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе