Меѓународната одбојкарска федерација ја прифати препораката од Интернационалниот олимписки комитет и само 48 часа откако најави дека Светското првенство ќе се одржи во Русија, ја смени одлуката и одзема организацијата.
Во соопштението на ФИВБ се истакнува дека по најновите случувања невозможно е одбојкарскиот Мундијал да се одржи во Русија и поради тоа е решено шампионатот да се одржи во друга земја.
Светската одбојкарска федерација во изминативе денови се соочи со силни притисоци пред се од Франција и Полска кои се актуелни олимписки и светски шампиони кои најавија дека немаат намера да настапат на првенството и дека ќе го бојкотираат натпреварувањето. Новиот домаќин на првенството ќе биде соопштен до крајот на овој месец.
Само неколку часа подоцна Меѓународната одбојкарска федерација ги заостри санкциите кон Русија и Белорусија со одлуката за исфрлање на сите клубови од двете земји кои се дел од натпреварувањата под нејзина јуриздикција, а право на настап немаат ниту националните тимови.
Покрај клубовите решено е и во следниот период да не се делегираат официјални лица од двете земји. Со оваа одлука без право на настап останаа дури пет клуба кои беа дел од елитното натпреварување во машка и женска конкуренција