Кошарка Останато Спорт

Спортските федерации со санкции за Русите и Белорусите

На половина од квалификациите за Светското и Европското првенство селекциите на Русија и Белорусија ќе останат без настап на големите натпреварувања откако кон санкциите им се приклучи и Меѓународната кошаркарска федерација.

ФИБА во соопштението истакна дека е загрижена од ситуацијата од Украина и дека ќе ги следи препораките на Интернационалниот олимписки комитет кој побара сакнции кон националните асоцијации на Русија и Белорусија. Поради тоа како прв потег е суспензијата на официјалните лица од двете земји кои нема да бидат делегирани, а се очекува и да се изрече забрана на настап на клубовите и националните тимови во натпреварувањата што се во нејзина организација. Конечната одлука ФИБА ќе ја соопшти на 25 овој месец за кога е закажан состанок на Извршниот комитет.

На глобалните санкции им се приклучи и Светската скијачка федерација, која денеска соопшти дека ги исклучува спортистите од Русија и Белорусија од сите натпреварувања до крајот на сезоната. Тоа значи дека спортистите од овие земји немаат право на настап во Светскиот куп во алпско скијање, нордиски дисциплини, сноуборд и слободно скијање.

Последна во низата која изрече санкции за спортистите од Русија и Белорусија е Светската атлетска федерација. На денешниот состанок на Извршниот комитет донесена е одлука за суспензија на натпреварувачите од двете земји кои нема да имаат право да настапат на претстојното Светско првенство во сала што ќе се одржи во Белград, а атлетичарите исто така добија забрана да бидат дел од сите меѓународни натпреварувања кои ќе се одржат во следниот период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе