Вести Свет

Украинската пиварница наместо пиво почна да произведува молотови коктели

Вработените во пиварницата Правда во најголемиот град во западна Украина, Лавов, поради руската инвазија, наместо пиво почнале да произведуваат молотови коктели. Градот Лавов, кој се наоѓа во близина на границата со Полска, е бастион на украинскиот идентитет, а во моментов неговите жители стравуваат од доаѓањето на руските тенкови.

„Молотовиот коктел е готов кога парталот е добро натопен“, рече еден од вработените во пиварницата, насмевнувајќи се. Тој ставил парче платно во пивско шише исполнето со мешавина од бензин и моторно масло. Истото го направија и двајцата шанкери до него.

Десетици уредно наредени молотови коктели се подгтовени за употреба. Иако овие коктели може да изгледаат залудни во борбата против тенковите и проектилите, сопственикот на пиварницата, Јуриј Заставниј, ја сфатил задачата доста сериозно.

„Имаме искуство“

„Го правиме ова затоа што некој мора. Имаме искуство затоа што веќе ја доживеавме уличната револуција од 2014 година“, рече Заставниј, мислејќи на бунтот во Киев со кој беше соборен режимот поддржан од Кремљ.

„И тогаш моравме да произведуваме и користиме молотови коктели“, рече Заставниј. Тој рече дека идејата дошла од неговите вработени кои учествувале во револуцијата во 2014 година. Не е прв пат правдата да прерасне во некаква институција во Лавов.

Едно од најпознатите пива што ги произведува го носи навредливото име „Путин хуило“ (Путин к …. глава) и стана познато во светот во 2014 година. Пиварницата започна со производство на коктели за Територијалните одбранбени сили на Украина во саботата, организација на резервисти кои ја прифатија поканата за борба на претседателот Володимир Зеленски.

На контролните пунктови околу градот со 720.000 жители, полицијата и војската, кои го контролираат секое возило, веќе се опремени со коктели. Сопственикот на Правда, Застава, се заколна дека ќе направи „се што може за да и помогне на Украина да победи во војната“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолското обвинителство бара продолжување на мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе