Вести Најважни Свет

Песков: Путин е рамнодушен поради санкциите против него

Рускиот претседател Владимир Путин е рамнодушен кон санкциите против него, бидејќи тој нема имот во странство, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавија некои руски медиуми.

– Тој е прилично рамнодушен, рече Песков на прашањето како Путин лично ги доживува западните санкции против него, додавајќи дека претседателот на Русија годишно го објавува својот имот.

Песков додаде дека Европската унија има непријателски однос кон Русија и презема непријателски мерки.

– Европската унија е здружение кое презема, да ги наречеме работите во нивното вистинско име, непријателски мерки против нас, додаде Песков.

Во меѓувреме, некои светски агенции јавија дека Песков рекол оти „Русија ќе може да ги отстрани западните санкции поради нејзината инвазија на Украина“. За денеска е закажан и состанок на Путин со официјални лица за да разговара за економското влијание на санкциите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе