Вести Свет

ОН: Половина милион луѓе ја напуштија Украина, загинаа над 100 цивили

Половина милион бегалци пристигнаа од Украина во соседните земји по руската агресија врз земјата, во која загинаа повеќе од 100 цивили, соопштија агенциите на ОН. Во извештајот што го добија службите на високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Гранди се вели дека се изброени 499.412 бегалци, од кои 281.000 се само во Полска.

Друга агенција на ОН, Агенцијата за човекови права, објави дека од почетокот на руската инвазија на Украина биле убиени 102 цивили, меѓу кои 7 деца и 304 повредени. Таа предупреди дека реалните бројки се веројатно значително поголеми.

„Повеќето од загинатите цивили беа жртви на експлозии со широк опсег на дејствија, особено тешка артилерија, ракетни фрлачи и воздушни напади. Вистинските бројки се, се плашам, многу поголеми“, рече високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе