Вести Свет

И Швајцарија воведе санкции против Русија

По долго двоумење, Швајцарија одлучи да ги воведе истите санкции против Русија кои до се ги усвои ЕУ, без никакви исклучоци.

На петмина олигарси до сега им е забранет влез во Швајцарија, банкарските сметки на 336 лица од листата која ја состави ЕУ, а на која се наоѓаат Владимир Путин и Сергеј Лавров, се замрзнати.

Се верува дека во швајцарските банки се чуваат милијарди долари руски пари.

Швајцарското небо ќе биде затворено за руските авиони, додека сите швајцарски авиокомпании ги откажаа своите летови кон Русија.

Швајцарија до сега опстојуваше на својот неутрален став, и покрај надворешниот притисок не беа воведени никакви снакции против Москва.

Швајцарскиот претседател Игнацио Касис објавувајќи го воведувањето на санкциите оцени дека нападот врз Украина е неприфатлив напад врз слободата и демократијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе