Во приморскиот град Мариопол каде Украинците се обидуваат да ја спречат руската инвазија, во градската болница постојано пристигнуваат повредени цивили.
Ова шестгодишно девојче повредено од руска граната беше донесено во Итната помош. Додека нејзината мајка чекаше во ходникот и очајно се надеваше дека лекарите можат чудо да направат и да ја спасат, нејзиниот повреден татко беше префрлен на интензивна нега.
Но, покрај сите напори на лекарите згасна еден млад невин живот, голема трагедија, солзи во очите на медицинските лица.
Еден од лекарите не можеше да го задржи револтот кон рускиот претседател кој пред пет дена издаде наредба за почеток на инвазијата.
„Покажете му го ова на Путин. Нека дојде да ги види очите на ова дете и уплаканите лекари,“ викаше тој.
Во подрумот на болницата во Старобилск, во Луганската област, која ја контролираат сепаратистите, во време кога пукотници се случуваа близу болницата, се роди машко дете.
Завиткано во кебе бебето и беше предадено мајката, која го дочека со насмевка. Во објавата од болничкиот персонал се вели „ова е далеку од тоа што го заслужува едно новороденче“.
Војната се разгорува, бројот на цивилните жртви расте, украинските и руските официјални лица се на разговори, на границата меѓу Украина и Белорусија.
Но кои ќе бидат барањата на Москва за да запрат крвопролевањата, останува нејасно.
Билјана Ставрова