Вести Свет

Гутереш: Едноставно е незамислива идејата за нуклеарен конфликт

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, на денешната вонредната седница на Генералното собрание посветена на Украина, нагласи дека идејата за нуклеарен конфликт е „едноставно незамислива“.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја зголеми специјалната борбена готовност на руските сили за одвраќање, меѓу кои е и нуклеарното оружје.

Според Гутереш тоа е „застрашувачки развој на ситуацијата“.

ГС на ОН денешната седница ја почна со едноминутно молчење за Украина, а Франција ќе поднесе резолуција во Советот за безбедност на ОН, со која ќе повика на итен прекин на огнот во Украина и гаранции за доставување на хуманитарна помош до цивилите.

Ова е само 11-та вонредна седница на Генералното собрание од основањето на Организацијата на обединетите нации, што само ја потврдува сериозноста на украинската криза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе