Вести Свет

„Анонимуси“ хакирале повеќе од 300 руски и белоруски интернет-страници

Меѓународната хакерска група „Анонимуси“ денеска соопшти дека како што и најави, нејзините активисти собориле повеќе од 300 интернет-страници на официјални руски владини агенции, компании, медиуми, банки, меѓу кои белоруските „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“.

Во нивната информација објавена на твитер „Анонимусите“ последните 48 часа хакирале повеќе од 300 руски веб-страници така што повеќето од руските официјални агенции се офлајн.

„Анонимуси“ тврдат дека успеале да влезат во базата на податоци и на руската „Сбербанк“, а ја собориле и веб-страницата на руското Министерство за труд и социјална заштита.

„Го уриваме финансискиот и владиниот руски кибер систем додека тие маршираат низ Украина“, додаваат „Анонимуси“.

Хакирани се и интернет-страниците на водечките белоруски банки, вклучувајќи ги „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“ и нивните услуги преку интернет се недостапни. Претходно групата ја хакираше и официјалната веб-страница на Чеченската Република.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе