Вести Свет

Британското разузнавање објави нов извештај за руската инвазија на Украина

Британското Министерство за одбрана соопшти дека напредокот на Русија кон Киев е забавен поради логистичките неуспеси и жестокиот украински отпор.

Министерството во понеделникот објави: „Повеќето од копнените сили на Путин се уште се на повеќе од 30 километри северно од Киев. Нивниот напредок е забавен од украинските сили кои го бранат аеродромот Хостомел, клучна руска цел на првиот ден од конфликтот. Логистички неуспеси и постојан украински отпор продолжи да го попречува рускиот напредок“, се наведув во извештајот.

„Тешките борби продолжуваат околу Чернихив, град во северна Украина и градот Харков на североистокот на земјата, соопшти Министерството за одбрана во разузнавачкиот извештај на Твитер. Двата града остануваат под украинска контрола“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе