Пограничниот романски град Сирет е преполн со луѓе, главно жени и деца, кои доаѓаат од Украина, откако беа приморани да ги напуштат своите домови по руската инвазија. Романците преку границата со Украина, продолжија да им помагаат на луѓето кои бегаат од насилството во земјата.
Секогаш учевме за војната во книгите, рече Мукул Верма, 21-годишен студент по медицина од Индија, кој студира во Ивано-Франковск во Украина.
- Прв пат, како што отсекогаш учeвме за војната во книгите. Никој не ја видел со свои очи. А сега сите гледаат. Значи, на сите им е многу тешко“.
Отец Николае Спину од локалната православна црква вели дека е потребно да се обезбеди малку радост за бегалците од Украина.
- Јасно е она што можете да го прочитате на лицата на овие луѓе, тоа е неверојатно. Замислете дека треба да ја напуштат својата татковина и да одат во странска земја. Тие дури и не знаат каде одат. Тие само се обидуваат да побегнат одвојна. Тие се обидуваат да се извлечат од конфликтот и да, тоа е… Се надевам дека можеме да обезбедиме малку радост за нив во овие сурови денови што започнаа изминатата недела“.
Хуманитарните работници во Романија се обидоа да им помогнат на оние на кои им е потребно, делејќи помош за бегалците. Рекоа дека морале да се подготват неколку километри подалеку од преминот бидејќи романската полиција не дозволувала невладините организации да се приближат до границата.
УНХЦР проценува дека за 4 дена Украина ја напуштиле 368 илјади луѓе.
Најмногу бегалци има во Полска, но и во Унгарија, Молдавија, Словачка.
Министрите за внатрешни работи на Европската Унија се собираат денеска на итни разговори во Брисел за решавање на проблемот со приловот на бегалци.
И додека илјадници бегалци заминуваат од Украина, а Русија ја продолжува воената инвазија, некои Украинци се враќаат во својата татковина за да бидат заедно со семејствата, а други за да се борат. На граничниот премин во Медика, на полско-украинската граница, група возачи на камиони беа меѓу оние кои влегоа во Украина. Велат дека сакаат да ја одбранат својата татковина.
- Мораме да ја браниме нашата татковина!Кој ќе го направи тоа, ако не ние.
Леса е мајка. Вели дека е страшно што се враќа во Украина, но мора да оди.
- Се плашам, но јас сум мајка и сакам да бидам со моите деца. Што можете да направите? Страшно е , но јас морам да одам!
На исток, во канцеларијата на „Мос-Волонтер“, во Москва, пак е отворен штаб за собирање хуманитарна помош за бегалците од Доњецк и Луганск. Отворени се дополнителни работни места во 11 непрофитни организации. Московјаните беа замолени да донесат вода во шишиња, храна за бебиња, намирници, средства за лична хигиена и канцелариски материјал.
Сотир Трајков