Од независниот синдикат на полицијата објавија повик за собирање на парична помош за сопруга на загинат полицаец во акцијата Диво Насеље заради медицинска интервенција во странство.
-На Ане и е потребна нашата помош повеќе од било кога. Анета Стојменовиќ е сопруга на нашиот херој тигарот Горан Стојменовиќ “Србинот” кој загина во акцијата во Диво Насеље, Куманово каде што ја бранеше својата татковина Македонија. За жал пред извесно време кај Ане е дијагностицирана дискусхернија на вратната кичма за која постои опасност да сноси последици и на други делови од телото и потребна е итна хируршка интервенција, објави од синдикатот на ФБ.
-За таа цел потребна е наша помош преку собирање на парични средства за потребната операција која треба да се избрши во Белград, Србија која ќе чини 10.000е. Операцијата е закажана на 14.03.2022. Рокот за собирање на средствата е краток, но заедно можеме да ја постигнеме целта!, наведуваат од НСП.
Донациите се собираат на телефонскиот број
Т-Моб 143177 Анета Стојменовиќ!
Или на следната сметка
Трансакциона сметка 250500017937617 Охридска Банка