Вести Свет Топ вести

Две македонски семејства се евакуирани од Одеса кон Бугарија, МНР известува каде може да се упатат македонските државјани во Украина

МНР информира дека денес, преку воспоставениот коридор обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија, две семејства со наши државјани од Одеса, Украина, веќе се дел од коридорот и очекуваме во текот на денот да пристигнат во Бугарија. Во контекст на истата соработка, упатуваме апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, доколку се во можност, да се упатат во Одеса, во просториите на Генералниот Конзулат на Република Бугарија, од каде сѐ уште има активни коридори за евакуација.

-Во постојан контакт сме со Властите на Романија и Унгарија, од каде исто така е остварена соработка и овозможена асистенција за нашите државјани кои се наоѓаат во Украина. Граѓаните кои се во можност треба да се упатат во западниот дел на Украина, кон Конзулатите на Романија во Солотвино и Чернаути, како и кон конзулатите на Унгарија во Узгород, Берегове и Мукачево, соопшти МНР.

Од министерството информираат дека на овие локации ќе им биде пружена дополнителна помош и асистенција во насока на нивна евакуација од Украина преку овие земји. МНР е во постојан контакт со Властите во Молдавија, од каде исто така има добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација.

Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со сите наши партнери, и се прават напори да се обезбедат и други безбедносни коридори/конвои. Во таа насока информираме дека е активиран и механизмот на ЕУ за цивилна заштита, и за евентуално новите воспоставени коридори МНР дополнително ќе информира.

-Оние наши државјани кои сѐ уште не оставиле свои податоци, веднаш да го контактираат Министерството за надворешни работи, со цел достава на прецизни податоци и информации за нивната локација и состојба, со цел да се оствари можност да бидат дел од координацијата на процесот за евакуација, предлагаат од МНР.

МНР потсетува дека дежурниот телефонски број +389 75 273 732 е постојано активен.

Македонски семејства заглавени во Киев и во Харков, евакуацијата на амбасадата заглавена на 200 км од граница

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

РЕК Битола се подготвува да отвори нов рудник на јаглен во близина на постоечките рудници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе