Вести Македонија Свет Топ вести

Составот на македонската амбасада почна со евакуација од Киев после „пеколната ноќ мината во скривница“

Македонската амбасада во Киев веќе не е во функција, амбасадорот Крум Ефремов и останатите тројца (дипломат и 2-ца службеници) почнале со евакуација во конвој по хуманитарен коридор кон Молдавија, извести денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ноќеска персоналот на амбасадата бил во скривница за време на интензивни борби во вториот ден од руската воена агресија врз Украина.

Османи прочита дел од пораката на амбасадорот Ефремов во која тој вели дека измината ноќ била пекол и имало борби по улиците на Киев. Ефремов исто така напишал дека бил нападнат и украински аеродром кој е на 8 километри од амбасадата на РС Македонија.

– Ситуацијата, посебно во текот на ноќта во Киев е влошена,. Ние одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Ние потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час (н.з. околу 11:30 часот по македонско време) да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, рече Османи.

Обезбедено е и извлекување на 30-те набљудувачи од мисијата на ОБСЕ во Украина, извести Османи кој додаде дека уште едно семејство на македонски државјани е приклучено на конвој на ОБСЕ кон границите на Украина. Амбасадата пак и од скривница помагала на македонските државјани.

-До последен момент откако почнаа воените активности таму дипломатите од скривница даваа патни листови на граѓани на различни форми, но сепак вчера донесовме одлука тие да се евакуаираат на безбеден начин. Тоа успеаја да го направат денеска. Станува збор за двајца дипломати и уште двајца граѓани кои беа заедно си дипломатите во Амбасада, наши државјани. Едно семејство случајно е придружено со дел од мониторинг мисијата на ОБСЕ која се упатува кон Молдавија, со други граѓани сме во комуникација за да најдеме начин како да ги извлечеме, вклучувајќи ги и семејствата на нашите државјани кои се украински државјани. Има наши државјани кои се мажени или женети со граѓани од Украина, помина одлука на Влада со која и на нивните семејства ќе им обезбедиме засолниште во земјава, но треба прво да се обебезди безбедносен коридор за евакуација, рече Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Не сме службеници од втор ред – полицајците на протест поради ниските плати и, според нив, неправедната судска пракса

Дејан Дејан

Среде пладне кавадарчанец се напил и стигнал до 2,52 промили – полицијата го фатила кога излетал од патот

Дејан Дејан

Украински војници со порака: Нема преговори додека Русија не се повлече

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе