Во прилепско Mариово, се уште трае потрагата по десет- годишно дете со посебни потреби, кое исчезна вчера попладне, околу 16 часот, од дворот во куќата во село Врбско. Потрагата почна синоќа, околу 18 часот, откако таткото пријави во полиција, а утрово се вклучи и хеликоптер на МВР, како и кучиња трагачи. Теренот го пребаруваат пограничната полиција, пожарникари од Прилеп, ловџии, голем број доброволци. Од полицијата велат дека потрагата се одвива на непристеапен терен, а интензивно се бара поради најавата за врнежи од снег денеска и утре на повисоките места. Инаку, семејството чие дете исчезна е од Прилеп, а веќе неколку дена биле во селото Врбско, каде одгледуваат пчели.
Се уште се трага по 10-годишното дете во прилепско Мариово
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.